Мимоза Несторова Томиќ

Мимоза Несторова Томиќ е автор на следните позначајни реализации:

  • Комплекс музеи на Македонија (со арх. Кирил Муратовски) во Скопје;
  • Реконструкција и ревитализација на „Сули Ан“ во Старата чаршија во Скопје;
  • Угостителски објект „Менада“ во Старата чаршија во Скопје;
  • Стоковна куќа „Беко / Скопјанка“ во Скопје;
  • Станбени блокови (П+М+6) во Капиштец, Скопје;
  • Реконструкција, адаптација, внатрешно уредување и акустичка интервенција во објектот на Универзалната сала во Скопје;
  • Изработка на идеен и главен проект за Бизнис центар на комплексот „Градска порта“ (разработка на конкурсното решение на арх. Кензо Танге. Автори: М. Томиќ, А. Банчотовски, Д. Димитров, Ж. Гелевски и Р. Минчева). Комплексот е нереализиран.

Мимоза Несторова Томиќ е aвтор и на следните позначајни урбанистички планови и студии:

  • 1963 г. – учество во изработка на Генерален урбанистички план на Скопје;
  • 1964 г. – студија – Социолошки истражувања за потребите на основниот урбанистички план на Скопје, раководител на тимот, во соработка со Полсервис;
  • 1964 г. – изработка на Детален урбанистички план за Старата скопска чаршија;
  • 1966 г. – изработка на Детален урбанистички план за западната индустриска зона, раководител на тимот, во соработка со Полсервис;
  • 1975 г. – изработка на Детален урбанистички план за Старата чаршија во Струга, раководител на тимот;
  • 1978 г. – изработка на Детален урбанистички план за населбата „Дуќанџик“, раководител на тимот;
  • 1985 г. – изработка на Програма за детален урбанистички план за централното градско подрачје на Скопје, раководител на тимот;
  • 1985 г. – учество во изработка на Основниот урбанистички план за Скопје.