Вера Ќосевска

Вера Ќосевска е македонски архитект со богато творештво. Автор е на следните позначајни реализации:

  • Театар на народностите (денес Албански театар, со арх. Љубинка Маленкова) во Скопје;
  • Станбени блокови од „Градски ѕид“ (во рамките на поширок тим, со архитектите: Љубинка Маленкова, Александар Серафимовски, Славко Ѓуриќ, Никола Богачев и Симо Симовски);
  • Противпожарен дом, Скопје;
  • Станбена кула (П+М+14) во населба „Кисела вода“, Скопје;
  • Судска зграда во Охрид;
  • Здравствен дом во Струмица;
  • Педагошка академија (со арх. Љ. Маленкова) во Штип;
  • Хотел „Панорама“ во Радовиш;
  • Хотел „Југо“ во Гевгелија итн.