Вера Ќосевска

Вера Ќосевска е родена во 1929 г., во Осијек, Република Хрватска. Архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала во 1953 г., во класата на проф. Станко Клиска. По дипломирањето се преселила во Скопје и се вработила во проектантското биро „Проектант“, а во 1954 г. со сопругот го оформиле првото проектантско биро при Општинското собрание во Охрид. Од 1959 г. до 1961 г. работела во проектантското претпријатие „Агропроект“ во Скопје од каде преминала во ГП „Пелагонија“, каде работи сѐ до пензионирањето во 1989 г. Во периодот од 1979 г до 1989 г. била раководител на проектантското биро.

Во 1980 г. била наградена со Спомен плакета на ГП „Пелагонија“, по повод доделувањето на највисоката Југословенска награда АВНОЈ на „ГП Пелагонија“. За својот придонес во македонската архитектура, архитект Вера Ќосевска во 2014 г. ја добила наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.