Василка Ладинска

Василка Ладинска е македонски архитект со богато творештво. Автор е на следните позначајни реализации:

  • Гимназија „Јосип Броз Тито“ (со арх. Живко Гелевски и Славко Ѓуриќ) во Скопје
  • Станбена кула тип „М“ (П+М+12) од Градскиот ѕид во Скопје (во рамките на поширок тим со архитектите: Димитар Димитров, Славко Ѓуриќ, Росанда Минчева и Александар Серафимовски);
  • Три станбени кули во населбата „Јане Сандански 1“ во Скопје (во рамките на поширок тим со архитектите: Драган Томовски, Никола Лагудин, Кирил Муратовски, Атанас Банчотовски и Симеон Апостолски);
  • Станбени кули на ул. „Бојмија“ во Скопје;
  • Основно училиште „Иван Горан Ковачиќ“ во Скопје (денес „Петар Поп Арсов“), Скопје (со арх. Росанда Минчева);
  • Станбен блок (П+4 – П+6) на аголот на бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје (со арх. Благоја Мицевски);
  • Клиники за инфективни и хируршки болести во Скопје (со арх. Борислав Бабамов);
  • Детска градинка „Снежана“ во Скопје (со арх. Росанда Минчева, Д. Филипова и М. Бранковиќ);
  • Детска градинка „11 Октомври“ во Скопје (со арх. Росанда Минчева, Д. Филипова и М. Бранковиќ)
  • Комунална банка во Куманово итн.